Почетна / Бизнис / Граѓаните на Македонија во банка чуваат 4.4 милијарди евра.

Граѓаните на Македонија во банка чуваат 4.4 милијарди евра.

Вкупните депозити на граѓаните заклучно со декември лани достигнаа 4 милијарди  637 милиони евра. Од нив речиси 2,2 милијарди, заклучно со јули лани биле на сметките на овие лица. Сумите кои ги чуваат во банка се над 30.000 евра – износ кој не е осигуран доколку дојде ризичен настан кај некоја банка – покажува статистиката на Фондот за осигурување на депозити за првите шест месеци лани. Она што е најинтересно е дека бројот на „големите штедачи“ во првите шест месеци лани се зголемил за нови 424 граѓани кои и за време на најголемата светска криза – лани, успеале да заштедат дополнителни речиси 49 милиони евра. Или во најкритичните месеци од април до јуни кога цел свет беше во карантин, бројот на „побогати“ лица кои имаат заштеди над 30.000 евра пораснал за нови 169 лица, а сумата на заштеди пораснала за околу 8 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Печалбарите не праќаа пари.

Ако печалбарите секоја година праќале по над една милијарда евра пари со кои ќе им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *