Радио Штип
Избор на Уредникот Спорт

Гробари, мафија и банда без команда, не се плаши од АСМ.

Државата  оваа никаква со години води војна против сивата економија.Гони тезгаџии, кои препродаваат.Гони лица кои имаат сомнителни зделки.Влегува преку финансиската полиција секае каде што ќе намирисаат  финансиски махинации.

Оваа држава ваква никаква, не успеа да расчисти е една банда, со мафија со гробари на фудбалскиот спорт, која не се нарекува “Cosa Nostra“, туку фудбалска федерација на Македонија.Оваа банда има неверојатен буџет од 10-тина милиони евра, и со нив ја одржува бандата и бандитите.Бандитите се боксери, шумари, музиканти, разни трабанти, само не лица кои за фудбалот дале се‘, ама не зеле ништо.

Еднаш државата преку Агенцијата за спорт и млади , како надлежно тело, ќе ги посоветува да го одложат нелегално закажаното изборно собрание, бидејќи кај бандитите се најдени докази за финансиски криминал.Доколку бандата не го испочитува ова , согласно Законот за спорт, Агенцијата односно државата ќе го избрише ФФМ од регистерот на спортски организации.

Бандитите  со оглед на фактот дека 30 години никој не ги чепнал, сметаат дека  се над државата, па се повикуваат на правни акти и процедури, дури велат дека Агенцијата за спорт и млади го прекршува Уставот на државата.

Оваа банда на политички подлизурковци кои мислат дека шутирајќи ја топката стануваа попаметни, јавно се закануваат на Агенцијата, односно државата, па дури ќе ја информирале УЕФА.Па како нема да ја информираат УЕФА кога таму е пријателот на словенецот кој е “Капо ди тути капи“ –Чифирин, Илчо Ѓоргиевски, кој без пардон жареше палеше, па и  финасиски профитираше.

Агенцијата со сите инструменти што ги има треба уште пожестоко да удри по бандитите, мафијата и гробари на фудбалскиот спорт

Слични Новости

Точно ме нападнаа – неодоговорни медиуми.

trajce jovanov

(С)МРТ троши пари за Евровизија, труејќи не‘ со безвезна програма

trajce jovanov

Младиот Христијан Јованов рамноправно се носеше со натпреварувачите од 21 година

trajce jovanov

Leave a Comment