Казни за бугарските телевизии што ги титлуваат на бугарски содржините на македонски јазик побара денеска Красимир Богданов, пратеник од „Обединети патриоти“, на комисиска расправа во бугарскиот парламент за годишниот извештај на бугарскиот Совет за електронски медиуми (пандан на македонската Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги).

Информативниот сајт „Клуб Z“, Богданов смета дека не смее да се преведува од македонски на бугарски, оти македонскиот бил „регионална норма на бугарскиот литературен јазик“. Но во истата изјава, пратеникот од „патриотите“ потоа признава дека македонскиот не е лесно разбирлив за граѓаните на Бугарија.