Почетна / Свет / Денвер ја легализираше употребата на халуцинативни печурки

Денвер ја легализираше употребата на халуцинативни печурки

Американскиот град Денвер стана првиот град во земјата што ќе ја декриминализира употребата на халуциногени печурки, откако жителите ја прифатија иницијативата на референдум. Во корист на декриминализацијата гласаа 50,6 отсто од гласачите наспроти 49,4 отсто кои беа против.

Со новите правила се укинуваат ограничувањата за лична употреба и поседувањето на „магичните“ печурки на лица до 21 година. Оваа мерка не значи дека е законско купувањето, продавањето или одгледувањето на печурките, туку предвидува инструкции за полицајците за третирање на корисниците со најнизок приоритет.

Со декриминализација на психоактивната супстанца Псилоцибин, која се наоѓа во халуциногените печурки. Денвар ја продолжува својата либерална политика за дрогите, откако во 2012 година ја легализираше употребата на марихуаната.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *