Почетна / Избор на Уредникот / Ден на која полиција?!!

Ден на која полиција?!!

7-ми мај е Ден на македонската полиција.Во Штипски рамки  имаше на иницијатива на неколку полициски службеници одбележување во Училиштето “Искра“.Одбележувањето не е замена за реалноста.А, реалноста е дека штипскиот отсек на МВР, односно СВР и полициската станица, се жариштето на криминалните активности и тоа на сите полиња.

Првиот човек на СВР сеуште е под сомнение дека учествувал во шверц на мигранти.Факт е дека нема сериозна борба со наркоманијата, нема борба со проституцијата, се губат војните со економскиот криминал, дури и насилниците не се плашат од униформата, нема решавање на меѓунационални конфликти .

Благодарејќи на потрупувањето на главата во песок, криминалците се уште посилни и помоќни.Се краде од железо, дрва, злато, се крадат до сто евра и продавници, бидејќи до таа штета никој не ги гони криминалците.Седми мај ден на полицијата, ама која полиција, сигурно не оваа во Штип.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *