Почетна / Избор на Уредникот / Дерикожната комисија не знае за милост.
FILE- In this April 28, 2011 file photo, John Magel pumps gas at a station in Wethersfield, Conn. Consumers paid more for gas and food in April, lifting inflation to its highest level in two and a half years. But inflationary pressures have begun to ease in May 2011, and analysts say some prices could taper off by summer. (AP Photo/Jessica Hill, file)

Дерикожната комисија не знае за милост.

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,549 отсто,  а кај дизелот за околу 4,440 отсто, како и за 0,29 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.Се повеќе граѓаните се одважуваат да прашаат, што и какво тело е тоа дерикожната комисија.Што тие регулираат освен што ја качија цената на електричната енергија, ја качија цената на водата, и постојано ја зголемуваат цената на горивата.Дали тие се инструмент на властодрешците, и фактор за земање на дебели плати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *