Почетна / Спорт / Дење фудбалски судија, навечер ѓубреџија.

Дење фудбалски судија, навечер ѓубреџија.

Фудбалот секогаш носи мноштво неверојатни приказни, а една таква доаѓа од Панама.

Многумина на теренот го гледаат Габриел Викторија, кој е помошен судија, но ретко кој знае која е неговата дневна работа.

Тој е работник на комуналната хигиена во Панама. Габриел ги чисти улиците на престолнината веќе 25 години, а неговиот животен пат не е воопшто лесен. Таткото на три деца го започнува својот работен ден во 3 часот наутро, а кога завршува со чистењето, тој ги зема картоните во раце и заминува на теренот.

Габриел од улиците на Панама стигнал до светската фудбалска сцена, а минатата година се најде помеѓу арбитрите кои делеа правда на Мундијалот во Русија.

“Поминав 4 години физичка подготовка, писмени тестови, семинари, присуствував на неколку интернационални мечеви”, вели Панамецот кој веќе 20 години работи како фудбалски судија.

Тој објаснува дека не може да живее од плата на судија затоа што лигата е полупрофесионална, па затоа работи и на друго место. Заработува по 75 фунти на еден натпревар.

“Колегите со кои ги чистам улиците се пресреќни и постојано ми честитаат за успехот”, изјавил Габриел за медиумите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *