Почетна / Спорт / Доминација на Брегалница

Доминација на Брегалница

Штипските „сини“ во се ја надиграа Саса и во првото и во второто полувреме. Целосно ја контролираа играта и резултатот во двете полувремиња.. Според играта во првото полувреме Брегалница заслужи и повисоко водство. Во овој дел , разиграани беа Дарко Додев и Ристе НАУМОВ. двајцата постигнаа по еден гол. Ристе Наумов можеше да постигне и повеќе голови. Саса остави блед впечаток во првите 45 минути, без шанси за гол. Во секој случај, многу подобра игра на Брегалница, со точни и разноврсни додавања, имаше и повеќе шанси.. Очигледно, Брегалница и на физички и технички план доминираше сите 90 минути на теренот. Се чини, Брегалница со половина сили забележа убедлива победа. Во првото полувреме одлично играа Додев и Ристе Наумов кои постигнаа убави голови (на фотографиите)

Во почетокот на второто полувреме, гостите имаа една шанса, но голманот Денковски одбрани. Во 61 минутра Ристе НАУМОВ ја погоди стативата. Во 67 минута ,по една убава акција на Анџело Николовски, последен со топката пред голот на гостите играше Наумче Бакрачевски (на фотографијата) и постигна ефектен гол за 3-0. До крајот на средбата треба да се истакне ударот од 25 метри од слободен удар на Мартин Стојанов, но голманот Иванов го одбрани. Се на се, заслужена победа на Брегалница. Во првото полувреме, се чини, гледавме подобра игра, во продожението како штипјани да беа задоволни од водството од 2-0 , па играта не беше на нивото на првите 45 минути.Сепак, Брегалница потврди дека има квалитет и за подобри игри. Судијата Иванов од Велес немаше тешка работа. Додели два жолти картони на домашните фудбалери и еден на гостите. По оваа убедлива победа, Брегалница ја продолжува трката за првото место на табелата и влез во прволигашкото друштво. Утре се играат другите средби од вторите лиги. Во Пехчево играат Кит-го- Победа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злато и бронза на “Гладијаторот“ Никола Нацев

Во Србија се одржа меѓународниот турнир Трофеј Белград. Учествуваа репрезентации од екс југословенските простори. Континуитетот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *