Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Дрва за социјалци, социјалци за партиска препирка

ДПМНЕ од Штип, од партиските простории кои се на чекор два до противпожарната единица, видоа како пожарникарите товараат дрва за огрев и ги носат.Тоа им било повод да се обратат до јавноста и да кажат:“На дваесет дена пред изборите за Претседател на Република Македонија, Локалната самоуправа врши дејствија кои се спротивни на одредбите од Изборниот законик.

Имено, сабајлево, вработените во Територијалната противпожарна единица, добиле изрична наредба овие дрва да ги поделат на социјално загрозени семејства.

Со оглед на тоа дека се работи за предизборен период, ја прашуваме локалната власт:

Дали е ова класичен предизборен поткуп и тоа на најранливите категории на граѓани?

Дали со ова не се повредува Изборниот законик?

Дали Градоначалникот знае дека доколку се утврди поткуп на гласачи, тоа е кривично дело за кое има сериозни санкции?

Ги повикуваме надлежните институции да истражат дали во случајов се користат ресурси на јавните институции за целите на една политичка партија, токму во периодот на предизборието!

Општината во својот одговор потврди дека во овој период се носат дрва на социјално загрозени семејства.

“Општина Штип има договор за донација со ЈП „Државни патишта“ со кој е корисник на дрвна маса исечена од експресниот пат Штип-Радовиш.

Бидејќи освен за Територијалната противпожарна единица и казнено поправниот дом во Штип, Општина Штип нема потреба од дрва за огрев, донираните дрва ги подарува на социјално загрозените семејства.

Ја информираме опозициската партија дека овде нема никаква политика, Општина Штип помагала и во иднина ќе продолжи да помага на социјално загрозените семејства.“

 

Слични Новости

Великденски пост

trajce jovanov

Храбра одважна победа над Албанија

trajce jovanov

Гробари, мафија и банда без команда, не се плаши од АСМ.

trajce jovanov

Leave a Comment