Радио Штип
Бизнис

Државата бара повисоки концесии од рударството

Министерството за економија размислува да воведе повисоки концесии за експлоатација на рудните богатства во Македонија. Досега концесионерите на рудниците и исплаќаа по 2% од есплоатираната вредност на државата, но сега овој надомест може да се зголеми до 3,5%. Сумата која се слева на име концесија се дели меѓу централната и локалната власт, а најголем бенефит има општината на чија територија се врши експлоатација на рудни богатства со речиси 80% од надоместокот кој се слева на нивна сметка. Николајчо Николов претседателот на Македонска асоцијација за рударство смета дека е многу првичниот предлог на Владата да изнесува 3,5%, а дава и аргументи дека одредени рудници се соочуваат со екстракција на сиромашна руда и затоа немаат големи профити како останатите концесионери.

„Сите концесионери во принцип се залагаме дека треба соодветно да плаќаме за она што го користиме како добро од земјата, но бараме начин како тоа да биде поправично распоредено и сите да плаќаат согласно со тоа што го добиваат“ вели Николов.

Од друга страна пак министерот Крешник Бектеши смета дека тоа покачување е малку и дека анализите покажале дека треба да се донесе нов тарифник кој ќе биде согласно европските трендови и сличен на соседните земји.

„Ние мислиме дека тоа треба да се зголеми имајќи предвид дека овие концесионери користат општо добро што е на сите граѓани на Република Македонија. Начинот како ќе се зголеми ќе го дискутираме со сите засегнати страни, но истовремено и со општините во кои се лоцирани најголемите концесионери. Ако се зголеми концесијата и остане ист бројот на концесионери, буџетот на општините и на државата ќе се зголеми за шест до осум милиони евра“ додава Бектеши.

Република Македонија со надоместок за концесија од само 2% беше една од најдобрите земји за инвестиции во рудните капацитети споредено со земјите од ЕУ каде износот за концесии на годишно ниво може да достигне и до 7%. Во постапка е доделување на десетина нови концесии за експлоатација на минерални и неминерални суровини со што се очекува да се отворат нови рудници покрај двата во југоистокот „Иловица“ за злато и бакар во струмичка Штука и „Казандол“ во валандовскиот крај.

 

Слични Новости

Македонската плата е како сарма.

trajce jovanov

Мангупи таксисти

trajce jovanov

Македонија-Бугарија царини нула.

trajce jovanov

Leave a Comment