Почетна / Свет / Егзекутиран кинески банкар

Егзекутиран кинески банкар

Кинеските медиуми соопштија дека Лаи Ксиаомин е погубен, само неколку недели откако беше осуден на смрт за земање екстремно големи износи на мито, како и за бигамија.

Поранешниот претседател на државната компанија за управување со средства “Хуаронг Асет Менаџмент Ко”, бил обвинет за обид да земе мито на износ од 1,79 милијарди јуани (260 милиони долари, 215 милиони евра) во текот на една деценија, од 2008 до 2018 година преку.

Во тој период, сега веќе осудениот Лаи Ксиаомин бил прв човек на Кинеската развојна банка.

Осудата со смртна казна се смета како еден од најпознатите случаи на корупција во земјата. Ова денеска го соопшти судот во градот Тјенѓин на северот од Кина.

Лаи Ксиаомин бил престапник и тоа крајно алчен“, се вели во соопштението на судот, во кое се додава дека штетата врз општеството е огромна, а злосторствата се исклучително сериозни и треба да бидат строго казнети во согласност со законот.

На рочиштето за изрекување казна на почетокот на јануари, биле презентирани снимки од сефови и плакари во станот во Пекинг, полни со кеш пари и осуденикот Лаи кои се исповедал, велејќи: „Не се осмелував да ги потрошам“.

Лаи е осуден и под обвинение за бигамија (живот со жена надвор од неговиот брак), а тој бил исклучен од владејачката Комунистичка партија во 2018 година кога против него било поведено обвинението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *