Почетна / Балкан / Егзорцизам ( бркање на ѓаволот од телото) во Хрватска

Егзорцизам ( бркање на ѓаволот од телото) во Хрватска

На вознемирувачката снимка, снимена на 5 август која се гледа како пет свештеници се молат над младата жена која лежи, вреска и се тресе, пишува 24sata.hr.

Обредите на егзорцизам во Меѓугорје не се непознати, за тоа зборуваа и светски познатите егзорцисти како што е Габриел Аморт, па повремено се појавуваат и снимки од луѓе кои паѓаат во тешки психички состојби, испуштаат застрашувачки крикови и над кои свештениците во тоа време објавуваат молитвени обреди.

Сега се појавила уште еден вознемирувачка видеоснимка, снимена на околу 300 метри од црквата „Св. Јаков“, во приквечерието на 5 август, на која се гледа како пет свештеници се молат над младата жена која лежи, вришти и се тресе, пишува 24sata.hr.

Жената на снимката прво почнала да вика нешто на италијански јазик, а момчето кое ги опишувало сцените, за 24sata вели дека прво забележал нервоза и несигурност кај свештениците кои ѝ пришле на жената која почнала да испушта неконтролирани крикови, а потоа се смириле, се сконцентрирале и почнале да се молат над несреќната жена.

„Првпат одам во Меѓугорје, не сум верник… Бев шокиран, прв пат гледам нешто такво во животов. Кога луѓето видоа што се случува со жената и како врeска, почнаа да се молат, не знам што всушност беше тоа“, раскажува очевидецот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *