Почетна / Свет / Експресно суспендирани пет службеника во Ватикан

Експресно суспендирани пет службеника во Ватикан

Италијанското списание „Еспресо“ денеска објави дека по извршениот полициски претрес се суспендирани петмина вработени во Ватикан, вклучувајќи го и вториот по ранг во ватиканската Управа за финансиски информации.

Списанието на својата веб-страница го објави полициското известување за чуварите на ватиканските порти да не им дозволат да влезат бидејќи биле суспендирани, пренесува „Ројтерс“.

„Еспресо“ со соопштението објави фотографии на петтемина вработени, меѓу кои и една жена.

Портпаролот на Ватикан изјави дека нема коментар за овој извештај.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *