Почетна / Спорт / ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

ЕМИЛ ПАВЛОВ ВО ЛИСАБОН –УШТЕ ЕДЕН НАСТАП ВО ПРЕМИЕР КАРАТЕ ЛИГАТА

Утре, четврток, за Лисабон, Португалија, патува најдобриот спортист на ,Македонија, Емил Павлов и неколку македонски карате репрезентаитвци . Во Лисабон се одржува Премиер светската лига . На 3о април, во петок на паркетот треба да се појави и Емил Павлов. Тој ќе се појави во категоријата минус 60 килограми. Патем да споменеме, Емил ПАВЛОВ на првиот настап годинава, во Премиер лигата во Истанбул, Турција го освои бронзениот медал.„Годинава тренирам нон стоп. Моја желба е и од Лисабон да се вратам со медал. Сите каратисти кои учествуваат во Премкер лигата во исто време се подготвуваат и за другите првенства кои не очекуваат во месец мај и јуни, каде треба да се обезбеди олимписката норма за ЛОИ во Токио. И во Лисабон , за добар пласман,се добиваат бодови за светската ранг листа, за учество на ЛОИ во Токио 2021 г.. Јас сум убеден дека и овојпат нема да разочарам…“- ни рече пред тргнувањето во Лисабон, , Емил ПАВЛОВ.Македонскиот трофеен спортист на 19 мај го очекува ЕП во Пореч, Хрватска, а на 10 јуни финалниот квалификационен турнир за пласман на ЛОИ, во ПАРИЗ.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Астибо“-футсал, лош домаќин.

Во рамките на 12 коло во Штип требаше да се одигра средбата Астибо-Црна Река, во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *