Почетна / Свет / Етиопија засади 353 милиони дрвја за 12 часови.

Етиопија засади 353 милиони дрвја за 12 часови.

Етиопија засади повеќе од 353 милиони дрвја за 12 часа, што властите сметаат дека е светски рекорд. Акцијата за садење дрвја беше дел од пошироката кампања за пошумување наречена „Зелено наследство“, предводена од премиерот Абиј Ахмед. Милиони Етиопјани во целата земја беа поканети да учествуваат во предизвикот и во првите шест часа Ахмед твитна дека се засадени околу 150 милиони дрвја.„Ние сме на половина пат до нашата цел“, рече тој и ги повика Етиопјаните да садат со засилен интензитет. Кога заврши 12-часовниот период, премиерот повторно на ‘Твитер’ објави дека Етиопија не само што ја исполни својата цел туку и ја надмина.Во рамките на акцијата биле засадени вкупно 353.633.660 садници. Во 2017 година Индија го постави светскиот рекорд кога околу 1,5 милион волонтери засадија 66 милиони за 12 часа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *