Радио Штип
Свет

Жената жив го забетонирала мажот.

Шеесет и четиригодишна Италијанка ангажирала четворица сицилијански мафијаши за убиството на нејзиниот поранешен љубовник, кој ја ограбил. Како што пренесува „Гардијан“, четворицата Сицилијанци го забетонирале мажот додека сè уште бил жив.

Жртвата е 41-годишниот албански државјанин Ламај Астрид, кој исчезнал во 2013 година, а бил пронајден на Сицилија во бетонски столб на една вила. Телото било откриено за време на реновирањето на куќата. Тој бил идентификуван благодарејќи на парче од неговата кошула заглавено во дупка од столбот.

Убијците се уапсени, а сите четворица биле поврзани со моќно мафијашко семејство.

Според италијанските медиуми, жената го нарачала убиството затоа што Астрид го украл целиот нејзин накит. Кога дознала дека телото е пронајдено, таа се обидела да избега од Италија, но е уапсена кај Џенова.

Слични Новости

39 години неправедно минати во затвор

trajce jovanov

Снег ги покри Хаваи

trajce jovanov

Огнот пеплоса мајка и четири деца

trajce jovanov

Leave a Comment