Почетна / Бизнис / Живеат во добивка, барајќи пари од граѓаните

Живеат во добивка, барајќи пари од граѓаните

Петте националки телевизии, кои кукаат и просат пари од државата и ја уценуваат како мали деца, сепак не живеат како црковни глувци.Не дека така сакаме да пишуваме и говориме, така пишале во завршните сметки националките.
Ланската година Канал 5 ја завршува со добивка од 55.000 евра, Сител Телевизија, прикажала добивка од 462.525 евра , додека ТВ Алфа во завршната сметка пишала добивка од 639.512 , и Алсат прикажала добивка од 158.707 евра Единствено ТВ Телма ланската година ја завршила со загуба од 356.308 евра.
Освен Телма која прiкажала загуба другите имаат вкупна добивка од 1.316.000 евра.Но, и Телма не е за жалење бидејќи основачот пред некој ден делеше дивиденда, односно ја распоредуваше добивката на акционерите.Е, сега ако сите имаат добивка, што е причината да се бараат пари од државата. Што тоа им е должна државата на националките, односно што тоа политичарите им должат на националките.Ако долгот е на политичарите нека се бркаат во своите џебови, а не во нашите.Навистина е чудно националките ем во добивка ем кукаат и просат пари како питачи.Навистина нејасна е мотивацијата на националките да бараат пари од кабелските оператори, бидејќи на крајот на краиштата цехот повторно ќе паднеше на граѓаните.Уште полудо звучи одбивањето на предлогот од кабелските оператори петте националки и уште некој да бидат во посебен пакет, па кој сака да ги гледа да доплати.Не прифатија бидејќи однапред знаат дека нивната никаква гледаност ќе се гледа под микроскоп.Во оваа држава исклучокот стана правило, сите сакаат да живеат боговски на грбот на граѓаните, а не врз основа на сработеното, односно врз основа на сопствениот труд, умешност и знаења..

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *