Заборавени!!!

Кога се говори за Штип во секоја прилика како кец од ракав за докажување дека сме некаков фактор на овие простори велиме:Штип ја изведе правата опера во Македонија, под раководство на Сергеј Михајлов.

Потоа се редат други настани, па се споменуваат имиња на актери на музичари, книжевници и научници…

Не дека и сега нема Штип свои амбасадори еве на пример во музиката:Зорица Миленковиќ,

Кирил Рибарски,

Кирил Кузманов,

Ема Једличка Гогова,

Зоран Казаков,Ванчо Самоников, Јордан Хаџи Николов, Боби Волкер, Виктор Ангелов ги има уште .Сите овие набројани ја имаат судбината на Сергеј Михајлов, да бидат избркани или оставени да се снаоѓаат во животот.тоа снаоѓањето значело квалитетна презентација на умешноста за музицирање.Само со квалитетот станале препознатливи во своите нови средини, исто како и Сергеј Михајлов.За жал Штип малку или никако не ги споменува дека ги имаме за свои репрезенти.

За жал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *