Почетна / Избор на Уредникот / Заборавивме на заштита на водата за пиење

Заборавивме на заштита на водата за пиење

Денеска е светскиот ден на водата, особено за пиење.Статистиката вели дека на планетава има над 2 милијарди луѓе кои немаат чиста и здрава вода за пиење.Македонија секако не е во тие екстремни бројки, но се доближуваме поради негрижата за водата.

Штип познато е дека добива вода за пиење од две локации “Фортуна“ и “Штипско езеро“ од системот на Јавното претпријатие “Исар“. За жал и двете водоснабдители локации сериозно се контаминираат.

Нападните се преку божемната пешачка патека, која е градена надвор од стандардите за Законот за води.Бунарите пак на локацијата Фортуна се пред еколошки крах.

Од една страна е незаконската градба наречена пешачка патека, другата е преку таканаречената обиколница.Во времето на бившиот градоначалник, не се бираа средства да се уништат бунарите за да се гради и оваа дивоградба.

Изговор беше дека ќе пиеме вода од Злетовица.Само колу за илустрација водата од Злетовица никако не е за пиење.Грижата за водоснабдителните капацитети на штип се половични, пак се форсира градење на обиколница, која и сега ја контаминира водата за пиење.Кога тогаш ќе ги платиме со живот глупостите што и ги правиме на водата и во овој микро свет наречен Штип.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *