Почетна / Бизнис / Забрането е ист производ да има различен квалитет во ЕУ

Забрането е ист производ да има различен квалитет во ЕУ

Европскиот парламент ја изгласа забраната за различниот квалитет на производите во Европската унија.
Со тоа се “става крај” на двојните стандарди кои се применуваат од страна на прехранбените компании за продажба на производи со различен квалитет под ист бренд во источниот и западниот дел на ЕУ.

Со оваа одлука се воведуваат нови правила за транспарентноста на интернет оценувањето и рецензија, се појаснува начинот на справување со двојниот квалитетот на производите, а казната може да биде до четири проценти од годишниот промет на трговецот, изјавија од Европскиот парламент.

Директивата која била одобрена од парламентот со 474 гласови “за”, 163 “против” и 14 “воздржани”, сега ќе се достави за одобрување до Советот на министри на ЕУ.

Земјите членки ќе имаат на располагање 24 месеци од денот на влегувањето во сила на оваа директива, да ја пренесат во националните законодавства.

Новиот закон кој веќе е договорен од страна на министрите на ЕУ, ќе се ажурираат правата на потрошувачите, со кои ќе се гарантира дека корисниците ќе имаат повеќе информации за тоа како функционира системот за оцена на производите на интернет и дали на нив има влијание платеното рекламирање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *