Радио Штип
Македонија

Заев:Ова голем,историски ден за сите граѓани.

“Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста алијанса.
Среќни сме, и треба да бидеме, бидејќи обезбедивме трајна стабилност за нашата земја. Обезбедивме сигурност, безбедност и мир. Прогресот и развојот сега се незапирливи.
Нашите генерации и децата на нашите генерации ќе живеат подобро, во земја и во регион кои зрачат со надеж. Нека ни е честито, да бидеме горди”, пишува во честитката до сите граѓани што ја упати премиерот Зоран Заев  по повод потпишувањето на протоколот за членство на нашата земја во НАТО од страна на 29-те земји членки.

Слични Новости

Коj не‘, или кој се штити.

trajce jovanov

Проколнато наследство

trajce jovanov

Здравственото осигурување во нови парисобирачки лавиринти

admin

Leave a Comment