Почетна / Македонија / Заев на гости кај Борисов

Заев на гости кај Борисов

Премиерот Зоран Заев ќе престојува во Република Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот колега Бојко Борисов. Ќе разговараат за соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и реализирање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Во делегацијата ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија, Боил Баново.

Баново и Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Етапна исплата на пензиите

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2021 година …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *