Почетна / Бизнис / Заживува чевларската индустрија

Заживува чевларската индустрија

Чевларскиот сектор во земјава живнува по долгиот мртов период предизвикан од пандемијата на  коронавирусот.Нарачки има од Италија, а почетокот на наставата со физичко присуство дава позитивни сигнали. Зголемена е побарувачката и потрошувачката на обувки. Чевларските компании имаат залихи од лани кои треба да ги продадат.„Полека се враќаме во нормала. Постепено од Италија има нарачки, пазарот полека се стабилизира. Учениците почнаа настава со физичко присуство, и веќе има позитивни резултати, зголемена е продажбата. Очекуваме дека во наредниот период ќе биде подобро, затоа што дел од граѓаните чекаат, да видат како ќе се одвиваат работите, и дали наставата ќе продолжи вака како што е, за да набават обувки за децата. Невакцинираните граѓани можат да влезат во било која продавница, но не можат да влезат во моловите и тоа засега е кочница“, вели Лидија Милановска, претседател на Здружение на чевлари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт за паметење и потсетување…

Синоќа ( 05.09.2021) во Домот на културата “Ацо Шопов“, беше организиран концерт во чест на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *