Почетна / Балкан / Заинает на соседите, ја пресекол водоводната инсталација.

Заинает на соседите, ја пресекол водоводната инсталација.

Месната заедница Кушиќи во општина Ивањица, Србија, неколку дена била без вода бидејќи, како што се сомневаат, некој намерно ја пресекол главната водоводна цевка со пила, односно бонсек.

Од каприц или од лична одмазда, непознато лице на 35 степени ги оставило без вода децата во училиштето, туристите во хотелот и сите жители на оваа месна заедница.

Локалната самоуправа и комуналното претпријатие од Ивањица дошле на помош, лоцирано е „местото на злосторството“, цевката е споена, а во меѓувреме жителите добиле цистерни со вода за пиење.

Полицијата излегла на терен за да го испита случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Отпатува“ – Милан Лане Гутовиќ, алијас Шојиќ.

По краткотрајно боледување , овој свет го напушти и отпатува со својата “бела лаѓа“ познатиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *