Почетна / Избор на Уредникот / Запалено “BMW во Штип, Пробиштип збеснува.

Запалено “BMW во Штип, Пробиштип збеснува.

На 04.05.2020 во 05.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сутјеска“ настанал пожар на патничко возило „БМВ“, сопственост на З.Ч.(34) од Штип, од кој било зафатено и патничко возило „шкода фабија“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 03.05.2020 во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 10.30 часот, на паркинг просторот пред Полициската станица Пробиштип, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над Н.А.(57) од с.Трипатанци, пробиштипско, од страна на неговиот син Р.А.(29) и 17- годишниот брат на сопругата на Р.А. По комплетирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 03.05.2020 во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека околу 13.30 часот на регионалниот пат Пробиштип – с.Крупиште, кај с.Гујновци, Р.А.(29) од Кочани, управувајќи патничко возило „опел корса“, во кое се превезувале неговата сопруга, нејзиниот брат и нивните малолетни деца, од патничко возило „голф“ им бил попречен патот, при што Ј.Ј.(36), Д.Ј.(35), С.Ј.(58) сите од с.Режановце, кумановско, и С.Т.(59) и Н.Т.(31), двајцата од с.Амзабегово, светиниколско, излегле од возилото и со камења почнале да маваат по возилото „опел корса“, ги скршиле стаклата и физички ги нападнале Р.А. и неговото семејство. По целосно комплетирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

 

На 03.05.2020 во 02.45 чаоот полициски службеници од Полициската станица Пробиштип, на ул.„Миро Марага“ во Пробиштип, го лишиле од слобода Д.Р.(36) од Пробиштип, затоа што при извршениот преглед кај него била пронајдена марихуана.  Се работи на комплетирање на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.

 

Во текот на изминатиот продолжен празничен викенд според статистиката на МВР за периодот (30.04/01/02/03/04.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип 48 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 33 лица, од нив 4 малолетни и едно над 67 години, опоменато е едно лице, а за останатите се земени  податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатиот период на 7 лица им се издадени решенија за изолација, 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 130 контроли кај лица во изолација и 431 кај лица во самоизолација.

 

На 03.05.2020 во 17.51 часот во СВР Штип, било пријавено дека  непознат сторител со употреба на сила и подобен предмет насилно ја отворил влезната врата од наплатен пункт во Здравствениот дом ,,Панче Караѓозов“ Штип, на ул.„Христијан Карпош“, при што одзел пари. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Расветлени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“

По преземени активности од страна на полициски службеници  од СВР Штип,   лишени се од слобода две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои на ул.„Вера Циривири“ биле затекнати при вршење на кривично дело „кражба“ од патничко возило „застава“ , сопственост на М.Б.(65) од Штип. Исто така, малолетниците се осомничени дека се сторители на кривично дело „тешка кражба“ извршена на 01.05.2020  околу 17.30 часот од куќа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип,  сопственост на К.М.(73) од Штип, од каде бил одземен По преземени мерки и златен накит и кривично дело „кражба“, извршена на 01.05.2020 околу 18.00 часот од куќа на ул.„19-та бригада“, сопственост на Б.Ш.М.(50) од Штип. Од страна на полициски службеници украдените предмети се вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *