Почетна / Свет / Запленети рогови од носорози вредни 4 милиони долари

Запленети рогови од носорози вредни 4 милиони долари

Виетнамските царински власти запленија 125 килограми рогови од носорог во вредност од 4 милиони долари во пратка што била пратена по воздушен пат, објави државната телевизија „Виетнам њуз“.

Телевизијата објави дека 55 рога од носорози биле сместени во внатрешноста на гипс-блокови и биле пронајдени во четвртокот, пренесе агенцијата АП.

Според властите, пратката била предадена како материјал што не се даночи со цел да се избегнат царинските проверки на меѓународниот аеродром во Ханој.

Виетнам и Кина се чести дестинации за шверц на рогови од носорог бидејќи многумина веруваат дека тие лекуваат разни болести, вклучувајќи и рак.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *