Радио Штип
Балкан

Запленет хероин вреден 500.000 евра

На граничниот премин Божај, на влезот во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа заплениле околу 17 килограми хероин и уапсиле 35-годишен албански државјанин, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Како што соопштила црногорската полициска управа, Албанецот е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство, поседување и пуштање во промет на опојни дроги“, објави интернет-страницата на РТЦГ.

Во внатрешноста на кабината и инструмент-таблата на камионот марка „даф“ пронајдени биле 18 пакувања хероин, додека во друг бункер во возилото пронајдени биле уште 12 други пакувања со истата содржина.

Уличната вредност на запленетиот хероин се проценува на околу половина милион евра.

Слични Новости

Во Зеница пороади поплава , прогласена елементарна непогода

trajce jovanov

Сета српска естрада на комеморација на Шабан Шаулиќ

trajce jovanov

Убиство со чекан во Суботица

trajce jovanov

Leave a Comment