Радио Штип
Занимливости

Започна 69 –то издание на најреномираниот фестивал “Сан Ремо“

24 изведувачи се борат за главната награда, но и правото да ја претставуваат Италија на песна на Евровизијата во тел Авив, Израел. Од 2011 година, Италија преку овој фестивал повторно се вклучи во евровизиската трката со испраќање на свој претставник токму од Сан Ремо.

Мота, Нек, Паола Рурки, Лоредана Берте, Ариса, Пати Право се дл од имињата кои ќе се натпреваруваат во категоријата шампиони. Тие ќе се претстават вечерва во салата Аристон. На втората вечлер ќе бидат изведени 12 од 24 песни во истата категорија како и на третата вечер. Четвртата вечер ќе биде посветена на дуетите и секој од изведувачите ќе пее во дует со гостите изведувачи на фестивалот. Н последната вечер, во сабота ќе биде познат и победникот на ова изфдание на Сан Ремо. како специјален гостин на фестивалот, ќе настапи Еро Рамацоти кој пред 35 години токму на оваа сцена ја започна блескавата кариера и победата со песната „Ветена земја“. Интересно е дека токму на истата сцена ќе се биде присутна и неговата поранешна сопруга Мишеле Ханцингер која долго години го водеше фестивалот.

Том Вокер, Луис Фонси, Пипо Баудо, Андреа Бочели, Џорџа се дел од оние ки ќе се појават како специјални гости на Сан Ремо РАИ ќе врши директен пренос од сите пет вечери, а фестивалот директно ќе биде пренесува во живо и преку интернет.

Слични Новости

Брајан Сингерј остана без номинацијата

trajce jovanov

Извадено, лекувано, и пак вратено во утробата

trajce jovanov

Радиоактивни риби пливаат во Фукушима

trajce jovanov

Leave a Comment