Почетна / Свет / Затворен руски дуќан, го распродале целиот асортиман

Затворен руски дуќан, го распродале целиот асортиман

„Торгсервис“, првиот руски синџир за трговија на западноевропскиот пазар, ја затвори својата продавница „Мере“ во Лајпциг по само пет дена.

Како што велат од таму, дуќанот е затворен само на два дена, а причината за тоа е дека продале сè.

„Торгсервис“ минатата среда ја отвори својата прва продавница во источниот дел на Германија. Нивниот главен адут се ниските цени – пониски и од оние во германските дисконти како што се „Лидл“ и „Алди“.

Како на пример, половина килограм мелено месо подготвено за печење во „Мере“ е само 99 центи, додека еден литар млеко чини 50 центи.

„Почитувани потрошувачи, поради високата побарувачка нашата продавница е затворена на 4 и 5 февруари. Реагиравме брзо, но утврдивме дека на нашите добавувачи им треба малку време да ги пополнат полиците. Со најниски цени за вас, повторно ќе бидеме отворени на 6 февруари во 9 часот“, се вели во пораката што ја добија клиентите на влезната врата на продавницата во Лајпциг.

Некои германски медиуми се сомневаат дека продавницата е затворена поради некои производи кои можеби не ги исполнуваат стандардите за квалитет на храна, пропишани со строгите европски закони. Од „Торгсервис“ велат дека сите производи ги исполнуваат ЕУ-стандардите и дека покрај Германија, доаѓаат од двете соседни држави – Полска и Чешка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *