Почетна / Занимливости / За мерак “Да си мерак песна“ на антологиското издание на Бисера Велетанлиќ

За мерак “Да си мерак песна“ на антологиското издание на Бисера Велетанлиќ

Двете најголеми дискографски куќи во регионот – Југотон Кроација Рекордс и ПГП РТС објавија компакт-диск на легендарната Бисера Велетанлиќ, на кое се наоѓаат 20 нејзини песни од богата музичка кариера. Меѓу најголемите бисери на Бисера е и макфестовската “Да си мерак песна”, која познатата пејачка ја отпеа на фестивалот во Штип 1988 година.Оваа модерна вон временска компопзиција е дело на авторите Ивица Стамаќ, автор на музиката, текст на Зафир Хаџиманов, а модерниот аранжман го осмисли Златко Таноди.

Освен незаборавните хитови, некои од песните за прв пат се објавени на дигитален носач на звук: “Се смеам без смисол”, “Уште една шанса”, “Утро ќе смени се”…

Бисера Велетанлиќ ја красат волшебен и раскошен глас, громогласни аплаузи, посебен шарм и харизма… Таа е бисерен глас на екс-југословенската забавна музика. Музичката кариера ја започна во 1960-та во емисијата “Микрофонот е Ваш”, а три години подоцна со сестра и Сенка настапи во дует на телевизија Загреб. Ре редеа фестивалите: “Опатија”, “Вашиот шлагер на сезоната”, “Белградска пролет”, “Загреб-фест”, “Сплит”, “МЕСАМ”… Освојуваше први награди, и, најчесто награди за интерпретација. Победуваше и на фестивалите во Австрија, каде настапуваше со Виенскиот Биг бенд, па дури и во Луксембург… Пееше во американските клубови во Германија, и ја одби поканата од Сара Вон, да дојде и да пее во Америка.Нејзината кариера, освен макфестовската “Мерак песна” (која пред неколку години, во ново руво, дело на внукот на Бисера – Васил Хаџиманов, ја отпеа Кристина Арнаудова), се и “Златен ден”, “Мило мое”, “Не плачи”, “Ручек за двајца”… Во време на најголемата популарност, во 70-те глумеше во култната серија “Грлом у јагоде”, како и во филмот “Сјај у очима”.Живее во Белград и има статус на истакнат уметник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *