Почетна / Избор на Уредникот / Зборуваат за корупцијата, а никако да се ослободат од неа

Зборуваат за корупцијата, а никако да се ослободат од неа

Македонија се гуши во корупција, и тоа не од сега туку од почетокот на нејзиното самоопределување.Некогаш помалку , некогаш повеќе, но корупција имало секогаш.Во Штип има многу облици на корупција, но највидливиот и најактуелниот коруптивен момент е трговскиот центар.

Коруптивната мотивација беше предизвик за поранешен градоначалник да издаде градежно одобрение.

Неговите административци , пред 5.5 години кокодакаа како папагали, се‘ е според закон, се‘ е според закон.

Според сегашниве законодавни норми, корупцијата може да се спречи, пред се‘ доколку постои желба тоа да се направи.

Во локалната самоуправа во Штип, таква желба нема.Нејзе односно на тој коруптивно оцрнет сегмент  одделение за урбанизам и таканаречена правна служба, и одговара да остане се‘ статус кво, односно ништо да не се промени.Така ќе можат уште повеќе да ја шират корупцијата.

Е, сега тој што ги издава сите наредби во општината, по огромниот коруптивен скандал и криминал , треба да се заблагодари и со клоци да ги истера од работа, да направи хируршки зафат  за да јаспаси општината од корупција, која таму метастазирала.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *