Почетна / Свет / Зеленски ја распушти “Рада“

Зеленски ја распушти “Рада“

Поранешниот комичар и актуелен претседател на Украина Володимир Зеленски денес ја даде претседателската заклетва, еден месец по убедливата победа на изборите над тогашниот шеф на државата Петро Порошенко.

Најмладиот украински претседател досега, со 41 година, пристигна во парламентот од својот дом печки, поздравувајќи ги собраните граѓани.

Тој реши да не го следи вообичаениот протокол и во Врховната рада на свеченоста на давањето заклетва не пристигна со моторизирана поворка, туку се прошета по плоштадот полн со луѓе.

„Се колнам дека ќе ги штитам суверенитетот и независноста на Украина, ќе бдеам над доброто на татковината и украинскиот народ, ќе ги бранам правата и слободите на граѓаните, ќе ги почитувам уставот и законите на Украина, ќе ги вршам своите задачи во интерес на сограѓаните и ќе ги промовирам угледот и моќта на Украина во светот“, кажа Зеленски во парламентот со рака над уставот на земјата, независна од 1991 година.

Новиот украински претседател веднаш по инаугурацијата го распушти парламентот и свика предвремени избори, не сакајќи да ги чека редовните избори предвидени за октомври.

„Го распуштам парламентот“, кажа тој во говорот пред пратениците и меѓународните претставници кои се собраа во украинскиот парламент во кој сѐ уште доминираат пратениците лојални на неговиот претходник Порошенко.

Неговата партија нема пратеници во парламентот, поради што тој побрза да свика предвремени избори додека популарноста му е сѐ уште на високо ниво, оценува Ројтерс.

Тој кажа дека една од првите задачи ќе му биде постигнувањето примирје во источна Украина, каде петгодишниот конфликт со проруските бунтовници однесе 13.000 животи.

Додаде дека дијалог со Русија може да се оствари само по враќањето на воените заробеници и на украинската територија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штитат ли “Фајзер“ и “Астра зенека“.

Заштитата против ковид-19 обезбедена од две дози на вакцините Pfizer / BioNTech и AstraZeneca почнува …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *