Почетна / Бизнис / Земјоделците во Овче Поле, добија картички за “зелена нафта“

Земјоделците во Овче Поле, добија картички за “зелена нафта“

Овчеполските земјоделци денеска ги добија првите картички за мерката зелена нафта. Градоначалникот на Општина Свети Николе на доделувањето на картичките истакна дека ова е мерка, што првпат се случува и е на барање на самите земјоделци, а Овче Поле и понатаму останува најземојделскиот регион на истокот, бидејќи овде има над 4.500 индивидуални земјоделци.

– Само оваа година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се регистрирани 98 млади земјоделци, што значи дека земјоделството ни е наша најосновна дејност во овој крај, од друга страна од вкупно 19.000 хектари обработлива површина под закуп се дадени 14.500 хектари. Затоа се надевам дека со оваа мерка на Владата ќе можеме на сите вас земјоделци да ви излеземе во пресрет, вели Велковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За повисоки плати, ја качија цената на струјата

АД МЕПСО 2020 година ја заврши со загуба од 5,8 милиони евра, но тоа не …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *