Почетна / Занимливости / “Зулу 3.4“ на Штипско културно лето

“Зулу 3.4“ на Штипско културно лето

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, формиран во март 2018 година, од страна на тројца џез ентузијасти, чија цел е преку фузија на различни стилови да создадат уникатен звук и да внесат свежина на македонската музичка сцена.
Бендот се состои од три члена: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).
Дамјан Даневски е тапанар и бенд лидер на Зулу 3.4, по професија магистриран тапанар на Факултетот за Музичка Уметност во Штип, кој во својата десетгодишна кариера имал можност да настапува со бројни групи и изведувачи од македонската музичка сцена меѓу кои и „Нокаут“, Тони Китановски, Оливер Јосифовски , „Примордијална Манџа“ и многу други. Еден од основачите и активен член е на здружението за неформално образование на тапанари „Skopje Drum Talks”.

Концертот започнува вечерва во 21.30 на летната сцена во Дом на млади.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

300 милиони долари е “дебела“ Парис Хилтон

Парис Хилтон е најпозната како наследничка на прочуениот луксузен ланец на хотели Хилтон, кој ‘тежи’ …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *