Почетна / Занимливости / Извадено, лекувано, и пак вратено во утробата

Извадено, лекувано, и пак вратено во утробата

Бремената Бетан Симпсон беше подложена на револуционерен метод досега незабележан во медицината. Нејзиното дете беше извадено од стомакот за да биде излечено, а потоа докторите успеаја да го вратат назад.

Ваквиот потег е неверојатно ризичен, но исплатлив, а Бетан може да биде многу среќна бидејќи таа и нејзиното дете се совршено здрави по зафатот.

Докторите на нероденото бебе му дијагностицираа „спина бифида“, што е тежок дефект кај кој се забележува вроден расцеп на ‘рбетниот столб и поради тоа ‘рбетниот мозок не е целосно затворен. По ваквата дијагноза, Бетан имаше можност да ја прекине бременоста, но наместо тоа нејзиниот маж Киерон дозна за посебен тип на операција која може да го спаси детето.

Бетан, која треба да го роди детето во април оваа година, отиде на специјализирана операција во болницата во Лондон, каде докторите успешно го оперираа нејзиното дете. Веднаш потоа, бебето беше вратено во стомакот на мајката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *