Почетна / Бизнис / Извезуваме 2 , увезуваме 22 милиони литри вода

Извезуваме 2 , увезуваме 22 милиони литри вода

Македонија извезува околу 3 милиони литри минерална и газирана вода, а увезува околу 22 милиони литри, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика по повод 22 март, Светскиот ден на водите.

Според податоците, во Македонија вкупно се произведуваат околу 737 милиони литри вода: минерална, газирана и негазирана.

Според податоците од Обединетите нации (ОН) околу 2,1 милијарда луѓе во светот живеат без безбедна вода за пиење. Околу четири милијарди луѓе, односно две третини од светската популација најмалку еден месец во годината немаат вода.

Што е навистина запрепастувачки е фактот, дека нашата земја е доста богато подрачје со вода и лошиот менаџмент и маркетинг на компаниите кои произведуваат вода, како и одредените административни пречки спречуваат овој сооднос да биде обратно поставен.

Македонија треба да биде нето извозник, а не нето увозник на вода согласно природните потенцијали на нашата земја. Сето останато е само лош менаџмент и маркетинг на нашите водни богатства.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откупат 90милиони килограми грозје

Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *