Почетна / Македонија / Извине брате Заев, нисам хтео, било је морати!!!

Извине брате Заев, нисам хтео, било је морати!!!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека повеќе пати се сретнал со лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, откако премиерот, Зоран Заев, ја посочи средбата како сомнителена во врска со бегството на Никола Груевски во Унгарија. Вучиќ при тоа му се извини на Заев што не било издадено соопштение за јавноста по средбата со Мицкоски.

-Велат „ама не сте издале соопштение“.. Еве, јас му се извинувам на Заев, јас мислев дека Сузана Васиљевиќ е задолжена за издавање соопштенија за нашите состаноци, но во иднина ќе замолам да го стори тоа, ако е така подобро – рече Вучиќ.

Според него нема ништо спорно што се сретнал со Мицкоски, затоа што се членови на истата Европска народна партија.

Српскиот претседател додаде дека со Груевски, од друга страна, не се видел три години.

Вучиќ додаде: „калкулантски е кога некој се обидува да ја префрли на друг одговорноста за своите пропусти“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симулација-вакцинација

Клиничката болница од Штип, како носител на масовната вакцинација на населението од Источна Македонија во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *