Радио Штип
Црна хроника

Измамник олади пензионер

Штипски пензионер измамен при купување на огревно дрво. Шеесет и осум годишниот С. И. во Полициската станица во Штип пријавил дека бил измамен од непознато лице.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека измамникот дошол во куќата на пензионерот и му понудил огревни дрва со документи, но дека камионот му бил паркиран во населба Сењак во Штип и тргнале да ги видат дрвата.

–    Исто така, според пријавеното, во еден момент непознатото лице кажало да почека и дека тој ќе дојде со камионот. Во меѓувреме, лицето отишло во неговиот дом и од неговата сопруга побарало 11.000 денари за дрвата и дека тој ќе дојде со камионот. Таа му дала 11.000 денари, по што лицето заминало, вели Панајотова.

Откако пензионерот  се вратил дома заклучил дека бил измамен.  Панајотова забележува дека веќе се работи на расчистување на случајот. Инаку, ваквите измами се чести, а најмногу страдаат пензионерите.

Слични Новости

Лекоумна штипјанка, дала 7.000 евра на лице што го запознала на ФБ.

trajce jovanov

Братска тепaчка

trajce jovanov

“Сом“ им се заканувал на инспектори по риболов

trajce jovanov

Leave a Comment