Почетна / Свет / Израел има решение за неутрализација на Ковид 19

Израел има решение за неутрализација на Ковид 19

Израелски институт за биолошки истражувања објави антитело кое го неутрализира коронавирусот, дури и меѓу заразените.

Израелскиот институт за биолошки истражувања (IIBR) и израелското Министерство за одбрана објавија дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на САРС-Ков-2, познато како коронавирус.

Преку својот профил на Твитер, израелското Министерство за одбрана го потврди развојот на она што може да стане првиот противотров на ковид-19.

Според субјектите, сега противотровот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира.

Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на коронавирус. Израел тврди дека IIBR е првата институција што постигнала научен успех што ги исполнува сите три параметри:

Прво, ново и рафинирано моноклонално антитело што содржи дефицит на штетни протеини. Второ, антителото може да го неутрализира коронавирусот и трето, антителото експлицитно било тестирано во агресивни случаи на коронавирус.

Во меѓувреме, Владата на Израел најави целосно отстранување на ограничувањата за мобилност наметнати на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Fazer” подготвува антиковид апче.

Пилулата може да спречи тешка форма на ковид-19 или може да биде втора линија на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *