Почетна / Избор на Уредникот / Имало автопат кон Радовиш?!!

Имало автопат кон Радовиш?!!

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица-Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ.Како што соопштуваат од Генералштабот на Армијата, во несреќата странично се превртел автобусот на магистралниот пат Струмица-Штип, кој превезувал припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип-Петровец.Во сообраќајната незгода која се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.Инаку дилема наметна информацијата дека сообраќајот додека траел увидот, бил пренасочен  по новиот автопат кон Радовиш?!!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Сакаме парк за кучиња“

Иако се избори, и иако политичките субјекти бараат од граѓаните да им испраќаат барања за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *