Почетна / Спорт / Има ли Втора лига за ФФМ

Има ли Втора лига за ФФМ

Во изминатите години ждрепката  за распоредот на фудбалските првенства  се извршуваше и за Првата и за вторите лиги и Купот, заедно. Која беше причината што годинава ФФМ одлучиждрепката денеска да се однесува само за Првата лига?
Јасно е – вторите лиги не беа оформени,, некои екипи се откажаа од натпреварувањето. Сите второлигаши бараат да не ја плаќаат котизацијата, ако се знае дека Фудбалската федерација е најбогата спортска федерација во државата. Прволигашите се ослободени од плаќање на котизацијата, поради ТВ преносите кои ќе ги има во новото првенство. Веројатно, допонително ќе има договори со второлигашите, ќе има нови ветувања…. Ако биде постигнат договор на второлигашите со ФФМ, тогаш ќе биде закажана ждрепката.
Значи, денеска ќе има ждрепка само за Првата лига, не за вторите и за Купот.. Кога ќе биде закажана ждрепката- тешко е да се одговори. Впрочем, ФФМ си „купи време“ за ждрепката , па почетокот на вторите лиги го закажа за 24 август.

Штипски асови

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брзинска трка на Пониква

Викендов на патеката кон рекреативниот центар Пониква се возеше втората ридско-брзинска трка од државниот шампионат во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *