Почетна / Избор на Уредникот / Кабелските оператори: Владата да не наседнува на притисокот од петте телевизии

Кабелските оператори: Владата да не наседнува на притисокот од петте телевизии

Денеска кабелските оператори во Македонија, до Владата  на Северна Македонија упатија допис преку кој уште еднаш ја потсетуваат Владата дека до сега не излегла со официјален став, околу намерите на петте телевизии ( Сител, Алфа, Телма Канал 5 и Алсат) да добиваат пари од  претплатниците на кабелските оператори.Се заговара за тоа да не биде туку така, иницијаторите во дослух со Роберт Поповски и Дамјан Манчевски, треба да изреаализираат идеата за формирање на Фонд за помош на медиумите.Но, еве што Асоцијацијата на кабелските оператори бара од Владата:

Во врска со информациите за носење Уредба со која ќе се формира Фонд за помош на мадиумите кој ќе се полни од приходи од Операторите, БАРАМЕ да се изјасните и одговорите официјално кој е конечниот став на Владата.

Помина неколку дена од јавно искажаниот став на сите оператори, а од ваша страна нема никаква реакција. Ова го толкуваме како намерно премолчување, и носење на Уредбата преку ноќ како што тоа го направивме со Измените на Законот за АВМУ кој предизвика огромни последици после тоа.

Доколку не добиеме официјална информација до утре 13,05,2020 до 15 часот, ќе сметаме дека Владата планира да ја донесе спорната Уредба без да не информира.

Како знак на протест на таквата незаконска и неуставна одлука ние, ќе пристапиме кон исклучување на дел од програтата на домашните телевизии кои се иницијатори за една ваква одлука.

Исто така ќе поднесеме и барања за раскинување на Договорите за реемитување на истите телевизии со што нема да имаме обврска да плаќаме за нешто кое нашите корисници не го гледаат.

Асоцијација на кабелски оператори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *