Радио Штип
Балкан

Каменос остана без подршка поради Преспа и НАТО.

Отфрлено е барањето на Панос Каменос за гласање на Протоколот за македонското членство во НАТО со зголемено мнозинство од 180 пратеници. Нова Демократија обвини дека само ПЈРМ има придобивки со Договорот од Преспа. „Ратификација на протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија е прифатен првично, во целост и од мнозинството, рече претседателот на Комисијата, Константинос Дузинас, на крајот од пет и пол часовната бурна расправа. За да се изгласа протоколот, потребен е минимум 151 глас. Како што јавуваат грчките медиуми, ваквото мнозинство се обидел да го оспори Панос Каменос, лидерот на Независни грци (АНЕЛ), кој минатиот месец ја напушти Владата токму заради неприфаќање на Договорот од Преспа. Во вчерашната процедурална интервенција, Каменос потенцирал дека ратификација на Протоколот ќе биде неуставна ако не се реализира со зголемено мнозинство од 180 пратеници, бидејќи таа подразбира „пренос на суверени права на земјата“. Мнозинството ги отфрлило неговото барање, потсетувајќи го дека во претходните ратификации за приклучување кон НАТО на соседните земји (Албанија и Бугарија), такво прашање никогаш не било покренато.

Слични Новости

На Косовци македонското брашно им се чинело српско

trajce jovanov

Дачиќу-пачиќу, не причај глупости бре, немо` да нас срамиш, му порача српската фолк естрада.

trajce jovanov

Во Зеница пороади поплава , прогласена елементарна непогода

trajce jovanov

Leave a Comment