Почетна / Инфо / Кај Лезово(Пробиштип) во сообраќајна загина човек.

Кај Лезово(Пробиштип) во сообраќајна загина човек.

На регионалниот пат Штип-Прбиштип кај селото Лезово.  околу 4 часот се случи трагедија Таму, откако со возилото излетал од патот, животот на лице место го загуби 18 годишниот   возач. Двајцата сопатници, во тешка состојба  веднаш се пренесени  во штипската клиничка болница  каде  здравствената состојба  на едниот од пациентите е лоша. Екипи од  СВР Штип на местото на несреката биле веднаш по известувањето а нивните наоди  се следните.

„18 годишно лице од Кочани , управувајќи патничко моторно возило Сеат Толедо со кочански регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. На самото место на незгодата починал возачот . Со патниците на возраст од 17 до 18 години се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во клиничката болница Штип.Останатите двајца сопатници со возраст од 18 години се здобиле со телесни повреди и истите биле пренесени во здравствениот дом Пробиштип“ изјави портапрол Гордана Панајотова

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во НУЦК “Ацо Шопов“, детерминирани сите програми

Поради тетовската трагедија и деновите на жалост, во Националната установа “Центар за култура“ се откажани …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *