Почетна / Занимливости / Квинтетот “Кукурек“ направија кукурек од џез музика

Квинтетот “Кукурек“ направија кукурек од џез музика

Во Дом на млади во рамки на Штипско културно лето, во пријатна , релаксирана атмосфера свој концерт имаше џез квинтетот “Кукурек“.

Џез “кукурек“ како вистински гастроманијаци, создаваат петмината  џез виртуози  од Македонија.

Повеќето од нив школување за џез имаа во академијата во Грац.

Нивниот инструменталистички квалитет е на рамништето на пример на Симон Трпчевски, или Стефан Миленковиќ.

Свиреа нивни авторски нумери, а токму со виртуозноста не оставија никого рамнодушен, и беа испратени со овации и неколку биса.

Штета што во Штип нема почесто вакви програми.Инаку Кукурек го сочинуваат:Трајче Велков – Труба, Кирил Кузманов –алт Саксофон, Гордан Спасовски-клавијатури, Кирил Туфекџиски –контрабас  и Виктор Филиповски тапани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо облека, носи маска!!!

Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *