Почетна / Занимливости / Кинезите права римејк на филмовите “Мост“ и „Валтер го брани Сараево“.

Кинезите права римејк на филмовите “Мост“ и „Валтер го брани Сараево“.

Во Пекинг е потпишан договор за снимање римејк на воениот филм „Мост“ во режија на Хајрудин Шибе Крвавац од 1969 година.

Договорот е потпишан меѓу кинеската компанија Huahua media, Dandalion Production Inc. од Лос Анџелес и Филмскиот центар Сараево, како сопственик на филмот.

Со римејкот на филмот, со користење на најсовремени техники на седмата уметност, ќе биде направен обид да се создаде нов филмски еп достоен на оригиналот.

Исто така, било разговарано за римејк и на филмот „Валтер го брани Сараево“.

Почетокот на снимањето на „Мост“ е планирано на почетокот на следната година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започнува “Астибо џез фестивал“

Во организација на Дом на млади , утре и задутре ќе се одржи ревијата на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *