Радио Штип
Избор на Уредникот Македонија

Клиничката болница ќе биде готова,само точно не се знае кога.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена до 2020 година. Министерството за здравство има потпишано договор со грчката фирма „Интракат“, дека го раскинале договорот на досегашниот подизведувач и бара продолжување на роковите. Рокот е продолжен за една година и сега според крајниот рок, треба болницата да биде завршена 2020 година, напиша Филипче на порталот на министерството за здравство. Пред некој месец Филиче беше во Штип и тогаш кажа дека градежните работи треба да бидат завршени до крајот на 2019, а во првата поливина од 2020 болницата да биде предадена во употреба.Факт е дека штипски “Бетон“ кого го уништија блиските пријатели на ДПМНЕ, не работеа како што треба.Неисплатени плати, банките го гонат “Бетон“ за наплата на долгови.Се згуби време, кое неможе да се надомести со зборови.

Слични Новости

Легализација на Кула Вавилон

trajce jovanov

Илчо, Игно и “Коле-транс“ испрале со песок 422.000 евра

admin

ДЕНОВИ НА ТАГА ВО МАКЕДОНИЈА

trajce jovanov

Leave a Comment