Почетна / Избор на Уредникот / Ковидка избори

Ковидка избори

Според Комисијата за заразни болести, активностите на партиите треба да се одвииваат исклучително со почитување на генералните мерки – физичка дистанца од 2 метри, маска и дезинфекција на рацете. Притоа препорачливо е да се користат разгласни уреди за да нема голема концентрација на граѓани. И при кампањата „врата на врата“ треба да се почитуваат овие мерки, без влегување по домаќинствата, туку пред вратата или во дворот од куќата.Партиските активности, кога може да се одржуваат на отворено, а во затворено да траат само два часа по што треба да се изврши целосна дезинфекција на просторот. На мобилните партиски штандови да нема повеќе од две лица и да се носат заштитни маски. При партискиот превоз на симпатизерите, во возилата да нема повеќе од 50 % од капацитетот на бројот на седишта и внатре да се носи заштитна опрема.На денот на изборите членовите на гласачките одбори да бидат со маски и ракавици, просторијата да биде постојано проветрена, на влез и на излез гласачите да ги дезинфицираат рацете и внатре да нема повеќе гласачи од број на гласачки места. Се препорачува и зголемување на времето за гласање од два часа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *