Почетна / Црна хроника / Ковид беснило:Свекорот се нафрлил на снаата.

Ковид беснило:Свекорот се нафрлил на снаата.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29/30.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на СВР Штип четири лица не ја почитувале забраната за движење, при што истите се приведени.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на пет лица им се издадени решенија за изолација, а три лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 34 контроли кај лица во изолација и 127 кај лица во самоизолација.

 

На 29.04.2020 во 14.36 часот во СВР Штип, било пријавено нарушување на јавниот ред и мир на ул.„Балканска“ во Штип, со фзичка пресметка помеѓу  Д.И.(23) и В.Т.(26), двајцата од Штип. По комплетирање на случајот, против Д.И и В.Т. ќе бидат поднесени соодветни  поднесоци.

 

На 29.04.2020 во 20.15 часот во СВР Штип, 27-годишна жена пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом, нејзиниот свекор Ѓ.М.(56) од с.Лакавица, штипско, со употреба на физичка сила и закани по нејзиниот живот се обидел да изврши обљуба над неа, но таа успеала да побегне. Ѓ.М. е лишен од слобода и по комплетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 29.04.2020 во 15.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 14.45 часот, при изведување на градежни работи на куќа во изградба на ул.,,Бел Камен“ во Кочани, Ј.С.(63) од Кочани паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Општата болница Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

 

На 29.04.2020 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Пехчево, С.В.(65) од Пехчево вработен во фирма, бил повреден при работа во шума, на место викано „Равно борје“, по што починал на местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово и службени лица од Државниот инспекторат за труд –Берово.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициски бележник

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, за периодот  (02/03.02.2021) на ниво на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *