Ковид биланси

Дванаесет штипјани досега се излекувани од Ковид-19, а за четворица пациенти се чека вториот тест. Доколку бидат негативни и тие ќе влезат во бројката на излекувани, соопшти директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова.Од почетокот на пандемијата досега во Штип се регистрирани вкупно 32 граѓани кои се позитивни на коронавирусот, но има и две жртви. Станува збор за 81-годишна жена и 83 годишен маж.Димитрова вели дека досега на пунктот, но и мобилниот тим на Инфективното одделение, имаат земено околу 300 брисеви, од кои повеќето од граѓани на Штип, но има и од Пробиштип и Радовиш.Се земаат брисеви и на Инфективното одделение, каде што се лекуваат пациенти од целиот источен регион.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Место едно лажиче, богослужби да има по болниците

И смртта која нашиот Бог Исус Христос ја победи, не е доволна причина Македонската православна …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *